Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за појава на локален дожд, а во јужните делови ќе преовладува сончево време. Попладне, пред сѐ во планинските региони, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и ветер долж Повардарието.
Максималната темпертаура ќе достигне од 21 до 30 степена.
Во Скопје и околината претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и краткотрајно засилен ветер. Температура ќе достигне до 29 степени.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Условите за нестабилност ќе се намалат кон средината на работната недела.