Сончево и топло време, викендов променливо со локален дожд

Макфакс

19/06/2020

08:21

1.059

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 24 до 32 степена. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.