Таа го снимила убиството на Џорџ Флојд: Не ни посмилувала каков хаос ќе настане во светот

Точка

12/06/2020

18:15

2.727

Големина на фонт

а а а

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд е вест која се проширила во целиот свет. Со голема брзина било споделувано и видеото на кое се гледа како полицаецот Дерек Човин клечи на неговиот врат, а малку е познато дека снимката ја направила една тинејџерка.

Дарнела Фрејзер (17) била во прошетка со својот 9-годишен роднина, кога застанала пред киоск за брза храна во Минеаполис, а потоа видела како четворица полицајци го извлекуваат Афроамериканецот од автомобилот. 

"Немала претстава дека ќе биде сведок и ќе документира еден важен настан во американската историја, полициско убиство. Да не биле нејзините храброст, смиреност и желба видеото да го постави на Фејсбук, сите полицајци и натаму ќе беа на улица и веројатно ќе тероризираа други членови на нашата заедница", рекол нејзиниот правен застапник Сет Кобин.

Дарнела не ни помислила дека снимката која ќе ја направи ќе го обиколи светот и ќе предизвика масовни протести ширум Америка. Кобин наведува дека таа не сакала да биде херој, туку дека е само ученичка која ја направила вистинската работа.

"Таа е Роза Паркс на својата генерација", рекол тој. Дарнела откако го објавило видеото само еднаш зборувала за јавноста. Тогаш рекла дека светот морал да го види тоа што го видела таа, и дека такви работи се случуваат многу често.



Спонзорирани линкови

Маркетинг