На социјалните мрежи се собирале пари за кауција: Еден од полицајците обвинети за убиството на Флојд е пуштен на слобода!

Точка

11/06/2020

15:14

1.989

Големина на фонт

а а а

Томас Лејн, еден од четворицата поранешни полицајци од Минеаполис кои се обвинети за убиството на Џорџ Флојд, пуштен е од затвор во округот Хенепин.

Како што соопштија од канцеларијата на шерифот, Томас Лејн бил пуштен на слобода откако била платена кауција во висина од 750 илјади американски долари.

Лејн е еден од тројцата полицајци кои се обвинети за помагање при убиството од втор степен, како и за помагање и поддржување на убиство со предумисла од втор степен во случајот со убиството на Џорџ Флојд кое се случи при негово апсење на 25-ти мај оваа година.

Четвртиот полицаец Дерек Шовин кој со коленото го притискаше речиси девет минути вратот на Флојд, обвинет е за убиство од втор степен и убиство со предумисла од втор степен.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, адвокатот на Лејн, Ерл Греј изјавил дека неговиот клиент всушност се обидувал да му помогне на Флојд. Тој за локалните медиуми изјави дека на социјалните мрежи било организирано собирање на пари за плаќање на кауцијата.

Следното рочиште за Лејн е закажано за 29-ти јуни, а неговиот адвокат се подготвува да поднесе барање за отфрлање на обвиненијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг