Трамп сподели видео од уништениот Минеаполис: Требаше да ја активираме Националната гарда уште првиот ден...

Точка

09/06/2020

18:41

2.365

Големина на фонт

а а а

Протестите во САД поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд се одржуваат веќе речиси две седмици, а голем дел од нив завршија со крвави пресметки меѓу демонстрантите и полицијата, како и со запалени и уништени продавници и други објекти.

Насилните протести избија во повеќе американски градови, а на удар на демонстрантите се најдоа голем број на продавници, ресторани, кафетерии, трговски центри и медиумски куќи. Демонстрантите палеа, кршеа, ограбуваа и зад себе едноставно оставаа вистински хаос.

Токму една видео снимка од разрушениот Минеаполис сподели американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја искористи приликата да им укаже на тие кои жестоко се противеа на неговата одлука војската, Националната гарда и полицијата да ги задушат насилните протести.

„Требаше да ја оставите полицијата да ја врши својата работа и Националната гарда да интервенира уште првиот, а не четвртиот ден“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

Да потсетиме, Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен при апсење од страна на полицијата, откако полицаец речиси девет минути со колено го имаше притиснато неговиот врат.

Полицаецот Дерек Шовин вчера за прв пат се појави пред судот, а кауцијата за негово пуштање на слобода е одредена на 1,25 милиони долари. Шовин е обвинет за убиство од втор степен, а исто така обвинети за помагање се и останатите тројца полицајци кои учествуваа во апсењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг