Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата на убиениот Флојд во Хјустон

Макфакс

09/06/2020

10:03

989

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе пристигнаа во Хјустон, каде му оддадоа почит на Џорџ Флојд во неговиот роден град во понеделникот, чие убиство предизвика бран антирасистички протести низ САД и во светот.

Комеморацијата во Хјустон, Тексас е последната од трите собири за 46-годишниот Флојд пред тој да биде погребан на приватна церемонија. Џо Бајден, поранешниот потпретседател на САД и актуелен претседателски кандидат на демократите, се сретна со семејството на Флојд и се очекува да присуствува денеска на неговиот погреб.

На комеморацијата присуствуваа и семејства на други афроамерикански жртви на убиства, кои исто така предизвикаа бес во јавноста, меѓу кои и роднини на Ерик Гарнер, Мајкл Браун, Ахмауд Арбери и Трајвон Мартин.

Полицискиот службеник во Минеаполис, Дерек Човин беше официјално обвинет во понеделникот за убиството на Флојд. Неговото сослушување се совпадна со комеморацијата во Хјустон, пренесува „Вашингтон пост“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг