Лудило во САД: Белци клекнати на колена им ги мијат нозете на Афроамериканци и бараат прошка

Точка

08/06/2020

18:36

3.964

Големина на фонт

а а а

Полицајци и членови на локалната заедница од Кери во Северна Каролина, се собраа за да им ги мијат нозете на верските црномурести лидери и да побараат прошка.

Верниците се собрале во рамките на маршот во саботата кога се протестираше поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од страна на полицијата во Минеаполис.

Во рамките на протестот била организирана и церемонија на „миење нозе“, при што најмалку тројца полицајци – белци и неколкумина други луѓе исто така белци, им ги измија нозете на верските лидери.

„Дејли Мејл“ пренесува дека миењето на нозе е религиозен ритуал со кој се изразува понизност и љубов, а белците со овој чин побарале од нивните црномурести сограѓани прошка за неодамнешното убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг