Утре и в среда невреме со пороен дожд и грмежи

Макфакс

08/06/2020

15:02

602

Големина на фонт

а а а

Под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров, која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и в среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.



Спонзорирани линкови

Маркетинг