Минеаполис ќе ја реформира локалната полиција, демонстрантите бараат тоа да го сторат и другите градови

Макфакс

08/06/2020

09:48

922

Големина на фонт

а а а

Протестите во САД се помирни од минатата недела, демонстрантите бараат реформа на полицијата по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, градот во кој за време на викендот беше донесена одлука дека полицискиот оддел ќе се реформира.

„Имам полицајци во семејството, верувам во полициското присуство. Но, верувам дека мора да има реформи “ рекол еден

Афроамериканец и ветеран, кој марширал во Вашингтон.

До промени на карактерот на протестите за време на викендот најверојатно дојде бидејќи барањата на демонстрантите за реформа на полицијата одекнаа во сите сфери на американското општество.

За потегот, кој до пред две недели беше незамислив, сега мнозинство членови во Градското собрание во Минеаполис се заложија локалната полиција да се реформира и да се осмисли поинаков модел.

Активисти кои со години бараат таков чекор, одлуката ја нарекоа пресвртница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг