Стар тибетски тест од само 3 прашања открива многу за вашата личност

Точка

04/06/2020

15:36

10.313

Големина на фонт

а а а

Исклучете ја логиката, опуштете се и обидете се да одговорите на овие 3 прашања кои ќе навлезат во нашата потсвест. Обидете се да не размислувате премногу за одговорите – само кажете го она што прво ќе ви падне напамет.

Одговорите можете и да ги запишувате. На крајот од тестот ќе научите нешто важно за себе, пренесува порталот “BizLife”. 

1. Замислете дека пред вас стојат 5 животни. Подредете ги по ред како што сакате:

- крава

- тигар

- овца

- коњ

- свиња

2. Опишете го секој поим со само една придавка:

- кучето е...

- мачката е...

- глушецот е...

- кафето е...

- морето е...


3. Сетете се на 5 луѓе кои ви се важни. Изберете боја за секој од нив – можете да изберете само една боја за една личност:

- жолта

- портокалова

- црвена

- бела

- зелена

Погледнете ги одговорите:

.

.

.

.

.

1. Одговорите на првото прашање ги претставуваат нашите приоритети во животот:

- кравата укажува на кариера

- тигарот е чувство за самовреднување

- овцата претставува љубов

- коњот претставува семејство

- свињата претставува пари


2. Одговорите на второто прашање ќе ви откријат како гледате на животот на потсвесно ниво:

- асоцијацијата која ја имате за кучето покажува како се гледате себеси

- како ја опишувате мачката ја симболизира личноста на вашиот партнер

- асоцијацијата која ја имате за глушецот претставува како ги гледате непријателите

- како го опишувате кафето го покажува вашиот став кон сексот

- вашата асоцијација на морето го опишува вашиот живот

3. Боите го одредуваат вашиот став кон личностите кои сте ги избрале:

- жолтата боја е за личноста која никогаш нема да ја заборавите и која има или имала големо влијание на вашиот живот

- портокаловата боја е за личноста која ја сметате за вистински пријател

- црвената боја ја означува личноста која ја сакате со целото ваше срце

- белата боја е личноста која ја сметате за сродна душа

- зелената боја ја одредува личноста која ќе ја паметите до крајот на вашиот живот



Спонзорирани линкови

Маркетинг