Питон дави срна сред пат – пристигнала неочекувана помош, па...

Точка

04/06/2020

10:45

6.942

Големина на фонт

а а а

Снимката на која што се гледа како огромен питон дави срна, кружи на социјалните мрежи. Видеото настанало пред неколку денови во Тајланд, а срната добила неочекувана помош.

Сето тоа било снимено од автомобил во отворената зоолошка градина „Као кеов“ во округот Шри Рача, во покраината Конбури на истокот од Тајланд.

Штом ја воочил оваа неверојатна сцена, возачот изглегол од автомобилот и го избркал питонот од својот плен.

Снимката предизвикала поделени реакции. Едни од луѓето кои што ја виделе тврдат дека и тие би ѝ помогнале на срната, други велат дека е подобро да не се мешаат во природата, наведувајќи дека на тој начин змиите се прехрануваат и опстануваат.

Отворената зоолошка градина Као Кеов покрива површина од речиси 2.000 хектари и содржи над 8.000 животни со 300 различни видови.

Погледнете го видеото:




Спонзорирани линкови

Маркетинг