Кинеските научници убедени во ефикасноста на идната вакцина: „99 отсто ќе биде успешна...“

Точка

29/05/2020

18:36

2.726

Големина на фонт

а а а

Научниците истражувачи кои што работат во кинеската компанија „Sinovak“, работат и на изработка на вакцината против Ковид-19, а како што велат 99 отсто се сигурни дека таа ќе биде ефикасна.

Биотехнолошката компанија „Sinovak“ со седиште во Пекинг моментално ја спроведува втората фаза на испитување на вакцината во која што учествуваат повеќе од 1.000 доброволци.

Компанијата исто така наведува дека има прелиминарни разговори дека третата и конечна фаза на испитувањето ќе се изврши во Обединетото Кралство.

На прашањето од „Sky News“, дали мислат дека вакцината ќе биде успешна, истражувач од компанијата, Луо Бајшан одговара: „Да, да“.

„Мора да биде успешна... Сигурен сум 99 отсто“ – изјавил тој.


Минатиот месец за научното списание „Science“, ги објавиле резултатите кои што покажуваат дека нивната вакцина KoronaVak ги штити мајмуните од инфекцијата коронавирус.

Сега, како што велат најголемиот проблем на компанијата е малиот број на заразени луѓе од Ковид-19 во Кина што го отежнува тестирањето на вакцината во епидемиолошката ситуација поради што се водат разговори тестирањата да се направат во некоја друга земја.

Кинескиот претседател Си Џипинг ветил дека било која кинеска вакцина ќе биде ‘глобално јавно добро’, а слично изјавиле и лидерите на ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг