Најпознатиот автомобил на Бонд се произведува после 55 години: Цената е астрономска

Точка

29/05/2020

17:15

941

Големина на фонт

а а а

Култниот Aston Martin DB5 се прослави во филмот Goldfinger од 1964-та година, а се произведуваше само две години, период во кој беа изработени нешто помалку од 900 вакви автомобили.

Aston Martin после 55 години одлучи да го обнови производството, па на купувачите ќе им биде понудена ексклузивна ограничена серија од само 25 примероци кои ќе ја носат ознаката DB5 Goldfinger Continuation по познатиот филм со Шон Конери во главната улога.

Освен по карактеристичниот ретро дизајн, DB5 Goldfinger Continuation ќе биде карактеристичен по бројните геџети како моделот во самиот филм, па така на пример ќе има копче за ротирачка регистарска таблица.


Сите 25 примероци ќе пристигнат во оригиналната Silver Birch сребрена нијанса, а под хаубата ќе биде сместен 4,0-литарски атмосферски 6-цилиндричен мотор кој развива околу 290 коњски сили.


Кога сето ова ќе се земе во предвид, можеби не изненадува тоа што цената на овој уникатен автомобил ќе биде астрономска – неговите идни сопственици ќе треба да издвојат најмалку 2,75 милиони фунти и тоа без пресметан данок.


Првите примероци на DB5 Goldfinger Continuation на купувачите ќе им бидат испорачани до крајот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг