Ирина и Бредли повторно заедно? Манекенката фотографирана како излегува од станот на поранешниот сопруг, па...

Точка

29/05/2020

16:18

5.160

Големина на фонт

а а а

Кон средината на минатата година, манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер го потврдија раскинувањето на четиригодишната врска од која што ја имаат ќерката Леа, а последните фотографии ги покренаа гласините дека на својата љубов одлучиле да ѝ дадат нова шанса.

Имено, на Ирина и Бредли заедничката среќа на нивната ќерка им е на прво место, а тоа во јавноста го истакнале повеќепати досега, а дека во нивниот однос нема ништо лошо докажуваат фотографиите на кои што 34-годишната манекенка била фотографирана во Њујорк, во лежерно издание, како излегува од станот на својот поранешен сопруг.

Според пишувањето на странските медиуми, Ирина во станот на Бредли поминала речиси четири часа.


Иако ниту актерот, ниту манекенката досега не се огласиле за моменталниот статус на нивниот однос, овој податок бил доволен за фановите на поранешниот пар да почнат да шпекулираат дека повторно се заедно и дека ја обновиле својата романса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг