Патување, пикник во парк, кршење на полициски час: Некои европски лидери биле глуви за мерките во текот на пандемијата

Точка

29/05/2020

22:08

2.329

Големина на фонт

а а а

Случајот со Доминик Камингс, главениот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, кој за време на забраната за движење поради коронавирусот со семејството отпатувал од Лондон на северот на Англија, предизвикал бурни реакции во британската јавност, а слични примери биле забележани во уште неколку европски земји.

Тоа, како што се наведува во анализата на "Euronews", го наметнува прашањето: Дали за владејачката елита важат едни, а за обичниот свет други правила? Освен гневните граѓани и претставници на опозицијата, оставка од Камингс побарале и 40-тина пратеници од Конзервативната партија на Џонсон, која овие денови бележи рекорден пад во популарноста, но и неколку бискупи на Англиканската црква. 

Пред во Британија да кулминира овој скандал, во Република Ирска се појавиле фотографии од премиерот Лео Варадкар на кои се гледа како тој за време на рестриктивните мерки со партнерот и пријателите ужива во пикник во еден парк, по што бил критикуван дека со тоа им дава лош пример на граѓаните.

Австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен бил принуден јавно да се извинува поради тоа што при одењето во еден ресторан тој и неговата сопруга го прекршиле полицискиот час, а премиерот Себастијан Курц морал да упати извинување поради тоа што не носел заштитна маска за време на посетата на едно село каде било меѓу група луѓе.

Во Германија лидерот на либералната партија ФДП, Кристијан Линднер бил виден како во ресторан се прегрнува со пријател, очигледно игнорирајќи ја опасноста од заразата, по што јавно ја признал грешката.

Во Полска на свеченоста во знак на сеќавање на жртвите во авионската несреќа кај Смоленск, во која во 2010-та година настрадал тогашниот претседател Лех Качински, премиерот Матеуш Моравјецки не носел маска, што во јавноста било окарактеризирано како кршење на правилата воведени поради пандемијата.

Изгледа дека меѓу носителите на јавни функции списокот на прекршувачи на рестриктивните мери е се подолг, а спротивен пример на сите овие холандскиот премиер Марк Руте, кој дури не бил ни да ја посети својата мајка во дом за стари лица која била на смртна постела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг