Им направиле заседа на полицајците: Се преправале дека се пар, а потоа почнале да пукаат! Страшен момент во Мексико насред бел ден

Точка

29/05/2020

12:53

2.963

Големина на фонт

а а а

Ова е моментот кога полицајците во северно Мексико ја преживеале заседата кога четири вооружени лица, преправајќи дека се два пара, отвориле оган на полициско возило насред улица, пренесува "Daily Mail".

Речиси смртоносниот инцидент се случил во неделата на пладне во местото Закатекас во градот Гвадалупе, кога маж и жена нагло престанале да се држат за раце додека ја преминувале улицата, а потоа почнале да пукаат. 

Надзорната камера покажува како полицајката која го возела автомобилот, го сопрела возилото за да го пропушти парот кој ја преминувал улицата, а тие почнале да пукаат.

Друга видео снимка од полициската надзорна камера покажува како други маж и жена стојат на аголот пред салон за нокти и чекаат полицајците сосема да сопрат.

Потоа полицаецот излегол од возилото и отишол до спротивниот тротоар да побара помош.

За среќа, ниеден од полицајците кои биле во патролата не бил погоден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг