Тупурковски: Изнајмив костум за погребот на Тито од театар

Точка

29/05/2020

12:36

969

Големина на фонт

а а а

Васил Тупурковски за прв пат облекол костум на погребот на Јосип Броз- Тито. Оваа приказна, познатиот политичар и професор му ја раскажа на Жаре во Еден на Еден, во епизодата што ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5.

„За прв пат морав да облечам одело на погребот на Тито. Го изнајмив од театар од Белгад, тоа е костум од претставата „Господа Глембаеви“, рече Тупурковски. 

Тој раскажа и за тоа зошто го добил прекарот Циле, за времето кога син му го носел на состаноците на Претседателството на Југославија чиј член беше, за рокенрол животот кој го водел додека студирал и во САД и бил на настап на Џими Хендрикс, и уште многу други приказни.

Тупурковски даде и свое кусо мислење за домашните и за регионалните политичари. Погледнете две интересни приказни кои ќе бидат дел од емисијата, едната за Тито, а другата за пријателите и начинот на живот на Циле:




Спонзорирани линкови

Маркетинг