Мислела дека кон нејзиниот автомобил лета цигла, па следел уште поголем шок кога видела што е...

Точка

28/05/2020

21:34

4.728

Големина на фонт

а а а

Жена во Џорџија мислела дека кон нејзиниот автомобил лета цигла, но се покажало дека станува збор за 'летечка' желка, која за жал не го преживеала инцидентот.

Многумина се прашуваат како желката успеала да ја пробие шофершајбната, а уште поголема мистерија е како таа воопшто завршила во воздух. Жената на Фејсбук споделила фотографии и видео од местото на настанот.

„Госпоѓата желка беше виновна, но немаше осигурување. Однесена е во засолниште за диви животни, но мене ми остана сметката. Внимавајте на летечките желки. Брат ми за малку ќе останеше без глава. Освен тоа ми се покачи шеќерот. Добро сум, но сум вознемирена“, напишала жената на Фејсбук.

Според локалните медиуми, желката го преживеала инцидентот, но починала на пат до засолништето, бидејќи изгубила премногу крв.




Спонзорирани линкови

Маркетинг