Ова е веројатно најевтиниот “Lamborghini” на светот, но...

Точка

28/05/2020

18:15

2.938

Големина на фонт

а а а

“Lamborghini Huracan LP610-4” од 2015-та година е ставен на продажба, но за разлика од останатите вакви половни суперавтомобили, овој се издвојува по големата километража.

Станува збор за модел стар само пет години кој располага со 5,0-литарски V10 мотор кој развива 610 коњски сили, од 0 до 100 км/ч развива за 3,2 секунди, а максималната бризна изнесува 325 км/ч. Но, за разлика од останатите половни суперавтомобили, овој “Huracan” има поминато 305 илјади километри!

Ако се прашувате како е тоа возможно, тогаш одговорот е – рент а кар. Автомобилот е во сопственост на “Royalty Exotic Cars” од Лас Вегас, компанија која се занимава со изнајмување и продажба на егзотични автомобили.


Компанијата одлучи да го продаде својот автомобил кој инаку и натаму е достапен за изнајмување, а се продава по цена од 130 илјади долари, што практично е половина од цената за нов Huracan EVO во САД.


Иако ова е веројатно најевтиниот ваков автомобили, на eBay во САД можат да се најдат слични модели со поминати 80-тина илјади километри за само 10 илјади долари повеќе, па сега останува да видиме дали ќе се најде купувач за ваков “Lamborghini”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг