Три лица загинале во ураган кој ја погодил Свердловската област во централниот дел на Русија.
Ветерот рушел дрвја, сообраќајни знаци, рушел балкони и кровови. Ударите на ветерот достигнувале речиси 100 километри на час.
Оштетени се и некои објекти. Во Јекатеринбург ветерот урнал кран кој усмртил вработен.
Во градот Арамил ветерот урнал кров на двокатна зграда кој паднал на човек и го усмртил, а уште едно лице настрадало кога го удрила железна врата која ураганот ја носел.
Поради ураганот во Свердловската област без струја останале повеќе од 100.000 луѓе.