Тешко повреден охриѓанец во сообраќајка меѓу патничко и товарно возило

Макфакс

22/09/2026

12:20

164

Големина на фонт

а а а

Во Охрид се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко и товарно возило, при што возачот на патничкото возило се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница.

Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В.(45) од Охрид и товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(46) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Ауди“ А.В., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, соопшти полицијата.