Вклучување во живо од местото на настанот, кога можат да се случат непредвидени работи, навистина не е лесна работа.
Често поради технички проблеми или некои други непредвидени ситуации се случуваат и гафови на новинарите.
Токму тоа ѝ се случило на новинарка на РТС, Ана Стаменковиќ, кога се влучила во Дневник - доживеала непријатност, бидејќи немала тонска врска со студиото.
Таа почнала да зборува, но во еден момент ѝ се причинило дека ја изгубила врската со студиото, па престанала да зборува, само го прашала водителот дали Дневникот воопшто започнал.
Од студиото брзо реагирале, го прекинале вклучувањето, а Стаменковиќ подоцна повторно се јавила и ја одработила професионално својата работа.