Во Америка одржан првиот концерт од почетокот на пандемијата - концертите во блиска иднина ќе изгледаат вака

Точка

21/05/2020

18:26

1.548

Големина на фонт

а а а

Американскиот кантри музичар, Тревис Мекреди, свирел за публиката која била со маски на лицата на првиот концерт во САД од воведувањето на мерките поради коронавирусот.

Концертот одржан во Арканзас е пример како би можеле да изгледаат концертите во блиска иднина, со мерење температура на влез и социјално дистанцирање.


Посетителите на концертот мора да купуваат карти за седење во мали групи, додека големиот простор со седишта е ограден со трака.

„Прекрасно е чувството да правите нешто толку нормално“, рекол еден од посетителите.


Концертот на Мекреди првично бил закажан за 15-ти мај, меѓутоа, бил поместен бидејќи гувернерот на Арканзас не бил уверен во исполнувањето на сите услови за безбедно одржување на концертот, во согласност со здравствените препораки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг