После обидот за убиство, американскиот актер извршил самоубиство

Точка

21/05/2020

17:24

3.529

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Хаген Милс, познат по улогата во серијата „Baskets“, пронајден е мртов, а постои сомнеж дека извршил самоубиство откако пукал во мајката на неговото дете, Ерика Прајс.

До пукање дошло вчеравечер околу 18 часот во домот на Милс, во Мејфилд во сојузната американска држава Кентаки. Полицијата, по доаѓањето на лице место, ја затекнала Прајс (34), која од истрелот се здобила со рана на раката и градите, пренесува „ABC News“.

Прајс на полицијата ѝ рекла дека Милс (29) пукал во неа, а потоа и во себе. Полицијата на Фејсбук соопштила дека актерот е пронајден мртов во неговиот дом.

Како што се наведува, Милс својата ќерка и нејзината мајка Ерика Прајс, ги држел како заложници, откако Прајс се вратила дома, а потоа ја застрелал. Прајс е префрлена во болница и нејзината состојба е стабилна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг