Мапа на ширење на “5G” мрежата: Тука е и Македонија

Точка

18/05/2020

17:20

2.965

Големина на фонт

а а а

Познатата компанија “Ookla” ја направи првата интерактивна мапа на која може да се види ширењето на “5G” мрежата ширум светот.

Македонија на интерактивната мапа со ширење на “5G” мрежата која можете да ја погледнете ТУКА се наоѓа со својата единствена експериментална “5G” мрежата. На мапата може да се види дека од нашите соседи оваа мрежа е најразвиена во Бугарија и Грција, а во поблискиот регион убедливо најмногу се развива во Романија.

Во Хрватска, Унгарија, како и во Романија, Бугарија и Грција постојат по неколку комерцијални мрежи кои се „ограничено достапни“.


Моментално ширум светот има 8782 инсталации на “5G” мрежата кои се во најразлична фаза, а вкупно се достапни во 123 држави ширум светот. “Ookla” неделно ја обновува мапата, а освежувањето може да се врши и дневно доколку добие податоци од верифицирани извори.

Според тоа што може да се види на мапата, најдобро покриена земја со “5G” мрежата е САД, а следуваат, Кина, Јапонија и европските земји како што се Холандија, Германија, Велика Британија и Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг