Пилотот не бил ниту пијан, ниту дрогиран – објавени резултатите од обдукцијата на телото на Брајант, потврдена причината за смртта

Точка

16/05/2020

15:15

2.978

Големина на фонт

а а а

Обдукцијата на настраданите во хеликоптерската несреќа во која што загина и кошаркарската ѕвезда Коби Брајант, покажала дека причината за смртта на сите девет жртви биле тешки повреди настанати од насилниот пад на леталото на површината.

Извештајот напишан на 180 страници исто така открива дека пилотот на леталото, Зобаин, бил негативен на дрога и алкохол, пренесуваат странските медиуми.

Причината за несреќата која што се случи на 26-ти јануари во Калифорнија сред густата магла сè уште се истражува.

„Причината за смртта на деветте жртви била груба траума. Начинот на смртта е потврден по несреќата“ – пишува во извештајот од истрагата.


Резултатите од аутопсијата објавени се во петокот на веб страната на канцеларијата за медицинско испитување во округот Лос Анџелес.

По смртта на Коби Брајант, неговата вдовица Венеса, поднесе тужба против компанијата која што е сопственик на хеликоптерот.

Во таа тужба се наведува дека пилотот не ги проценил временските податоци пред полетувањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг