Му ветија на Путин: „Вакцината ќе биде готова до септември, оваа година“

Точка

14/05/2020

18:25

5.152

Големина на фонт

а а а

Генералниот директор на руско Научно-истражувачкиот центар „Виктор“, Ринат Максјутов, на денешниот состанок со претседателот на Русија Владимир Путин, соопштил дека испитувањето на вакцината против коронавирусот на 300 доброволци ќе биде завршено во месец јуни.

„Во јуни ќе ги завршиме претклиничките испитувања за ефикасноста и безбедноста на дозниот облик вакцина во минимална количина, дозволен за преминување на клиничките испитувања – првата фаза за вкупно 300 добрволци.

Благодарение на вашиот налог од 15-ти април оваа година за намалување на роковите за воведување на вакцината за превенција на новиот коронавирус, очекуваме дека оваа вакцина ќе биде регистрирана во септември оваа година“ – објаснил тој.


Максјутов додал дека лабораториските испитувања на прототипот вакцина на чувствителни животни се завршени. Според нивните резултати, направени се три перспективни лекови.

Една синтетичка вакцина и вакцина заснована на вирус грип која ќе ја произведува центарот „Виктор“. Со развојот на третата вакцина на база на вирусот везикуларен стоматитис, ќе се занимава индустриски партнер од тој центар.

Инаку, во светот досега има над 4.46 милиони заразени од коронавирусот и над 299 илјади починати.

Во Русија регистрирани се 252.245 случаи на заразени од Ковид-19, оздравени 53.530, а починати 2.305 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг