Точка ТВ: Жителите на оваа европска земја поседуваат бескорисен пасош – со него не можат да отпатуваат никаде

Точка

13/05/2020

23:16

10.616

Големина на фонт

а а а

Во своето 30-годишно постоење, овој регион кој што се нарекува уште и Транснистриа, оформил своја влада, војска, Устав, судство, валута и пасош – но, бескорисен. За која држава станува збор?

Станува збор за дел од територијата на Молдавија која што се простира на 4.163 километри квадратни од левата страна на реката Дњепар, а која што својата независност ја прогласила на 2-ри јуни 1990-та година.

Со оглед на тоа што неа не ја признала ниту една држава или пак меѓународна организација, нејзиниот пасош е бескорисен.

За среќа, поголемиот дел од жителите кои што живеат таму имаат двојно или пак тројно државјанство, па за пасош го користат молдавскиот, украинскиот или пак рускиот.

Поголемиот дел од жителите живеат во главниот град – Тираспол кој што се смета за еден од најсиромашните градови на Стариот континент.


Интересно е тоа што таму животот не е толку многу скап, па така таму еден леб чини 20 денари, карта за јавен превоз 10 денари, а еден литар бензин е 60 денари.

Земјата е полна со напуштени фабрики од времето на СССР, а поголемиот дел од жителите се занимаваат со текстилната индустрија и произведување на алкохолни пијалаци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk