Да знаете вие што јас знам од тие 660 илјади разговори, сигурно не би била на ова место, порaча Јанева од судница

Нетпрес

08/05/2020

14:12

889

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот исказ во скопскиот Кривичен суд за предметот „Рекет“ истакна дека имало повеќе од 660 илјади разговори и дека никој од Специјалното јавно обвинителство ги нема дадено во јавноста.

„Да знаете вие што јас како специјален јавен обвинител знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука на ова место. Приватните разговори никогаш не излегоа од јавноста од врабоените од СЈО. Тоа беше нивна должност, нивна службена должност“, рече Јанева.

Претходно екс специјалната обвинителка истакна дека и натаму ги цени и почитува сите обвинители од СЈО и сите вработени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг