Овие мерки се однесуваат само на сексуален контакт на човек со човек, во група со повеќе од двајца луѓе...
Белгистака министерка за здравство, Меги де Блок, го замолила народот да ја сфати сериозно епидемијата на коронавирусот и да заборави на термините ‘групен секс’ и ‘оргии’.
Де Блок во саботата соопштила дека Белгијците не смеат да имаат сексуален однос во просторија во која што има повеќе од двајца луѓе.
Знаејќи какви се Белгијците, и дека за нив има гласини дека сакаат да пијат многу пиво и дека се застапувачи на групниот секс, министерката за здравсто изјавила дека наредбата стапува на сила веднаш.
Тамошните медиуми нагласуваат дека Де Блок не забранува мастурбација, анален или пак орален секс.
„Овие мерки се однесуваат само на сексуален контакт на повеќе луѓе одеднаш“ – додала таа кога новинарите ја прашале на што точно ќе се однесува донесената мерка.
Истражувањето направено во 2018-та година покажува дека над 78 отсто од белгиските парови, отворено практикуваат размена на нивните сопружници, особина која што станала вообичаена пракса уште во 19-от век за време на владеењето на кралот Леополд II.