Актерот Петар Арсовски за Точка откри како го поминува времето во карантин

Точка

11/04/2020

20:43

6.098

Големина на фонт

а а а

Изминатиот период направивме два дела 'Што прават познатите во карантин', а вчера со вас споделивме како Лидија Кочовска ги поминува карантинските денови.

Првиот дел може да го погледнете ТУКА, вториот дел 'Што прават познатите дома' може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК. А, доколку не прочитавте како Тања Кочовска ги поминува овие по малку чудни денови, тоа можете да го направите со еден клик ТУКА.

Денеска со вас ќе споделиме што прави актерот Петар Арсовски, за време на карантинот кој владее речиси низ целиот свет.

Бидејќи целиот свој живот е дел од една ваква професија, веројатно затворањето во четири ѕида и не му била наједноставната работа која мора да ја направи.

Арсовски конкретно сподели со нас како ги поминува карантинските денови, а сето тоа го поткрепи и со 'фото-докази'.

„Го правам сето она за што инаку немам време. Највеќе читам, ситни поправки по дома, нови ТВ серии и филмови, а најредовно следам вести и го слушам Филипче. Седете дома и вие!“


Петар Арсовски е актер кој речиси 35 години е нераскинлив дел од македонската филмска сцена. Со него израснаа многу генерации, а последниве години спаѓа во групата на најангажирани филмски актери во регионалните копродукции.


Актерот, кого, во зависност од изворите, го ословуваат со Петар, Перо и Петре, сигурно е најпознатиот и најавтентичен толкувач на скопскиот сленг во десетиците филмови кои ги има снимено во својата досегашна кариера.



Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг