Тања Кочовска за Точка: „Кога прогласија вонредна состојба мислев дека после 3 дена ќе се разведеме со Предраг“

Точка

10/04/2020

22:26

12.095

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот секојдневно зема сè поголем замав, па препораките да седиме дома стануваат сè поригорозни.

Како сите 'обични смртници', тоа го прават и јавните личности, одосно во случајов и актерката Тања Кочовска. Погледнете како таа ги поминува карантинските денови, а веруваме дека со нешто ќе ве инспирира, со друго ќе ве насмее и на крајот ќе ве убеди да останете дома за доброто на сите.

„Карантинот? Среќа во несреќа со коронава е тоа што 'имам' дете дома... Што значи тоа?

Александар има 30 години и одамна живее сам, а Нела студира. Природата на факултетот кој го студира, а и нејзината природа се такви да не се прибираше по цел ден дома. Сега има online часови, домашни задачи и одговорност да е дома. Се дружиме почесто. Играме канаста, дискутираме за театар, за претстави, за улоги, филмови, серии - ги гледаме заедно.


Кога прогласија вонредна состојба мислев дека после 3 дена ќе се разведеме со Предраг... ама НЕ! Се споивме уште повеќе и функционираме подобро и повешто него во 'нормално' време.




И јас и Пеџо имаме постари родители за кои секојдневно се грижиме. Тој пазари, а јас готвам. Иако сме дома, јас искрено немам баш многу време во денот. Насабајле сите витамински терапии ги правам, ручек, дезинфекција на домот, до маркет ако одиме, кога се враќаме додека се дезинфицираме за влез во стан - поминал денот. Навечер дружба на Skype со полна софра и пијачка. Не е лошо. Затоа мојот апел е ДА СЕ СЕДИ ДОМА за побрзо да заврши ова лудило.


Од фотографиите може да забележите како нѝ поминува еден мал дел од денот. И, патем карикатурите се дело на Нела. 

Седете дома!“


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг