Русија во борба против дезинформациите и паранојата: На социјалните мрежи ќе се бришат критиките на мерките за изолација и сите лажни вести

Точка

11/04/2020

14:05

2.203

Големина на фонт

а а а

Руското државно обвинителство објави во текот на вчерашниот ден дека од денес ќе започне да ги блокира објавите на социјалните мрежи кои ги критикуваат мерките на изолација во борбата против Ковид-19 како и тие кои шират лажни вести.

Оваа одлука руските власти ја донесоа во моментите кога бројот на заразени од коронавирусот во Русија продолжува драстично да расте, посебно на територијата на главниот град Москва.

Како во Русија, па така и насекаде во светот, дезинформациите се едни од поголемите опасности во контекстот на оваа криза. Социјалните мрежи кои се „плодна почва“ за тоа, сега се покажаа како краен негативен фактор во моментите кога јавноста со своето однесување мора значително да придонесе во спречувањето на ширењето на вирусот.


На социјалните мрежи се шири параноја, а од канцеларијата на рускиот државен обвинител Игор Краснов велат дека се одлучиле за блокирање на таквите содржини откако се појави снимка во која се тврди дека руските власти стартувале „дигитален концентрациски логор“ и дека „државниот удар е во тек“.

Покрај тоа, деновиве на социјалните мрежи во Русија започнала да кружи информација дека постојат специјални пропусници кои на одредени луѓе им дозволуваат „слободно да се шетаат надвор“, што руските власти порачаа дека не е точно.