Популарното шпанско летувалиште како град на духови: Споредбата на фотографиите од лани и оваа година е неверојатна

Точка

10/04/2020

10:54

2.938

Големина на фонт

а а а

Шпанија е втората земја на светот по бројот на заболени од коронавирусот, веднаш после Соединетите Американски Држави, но пред Италија која долго време беше најголемото жариште во светот.

Во текот на вчерашниот ден во Шпанија беа регистрирани нови 5,756 случаи, со што бројот на инфицираните се искачи на 152,446 лица, а како последица на вирусот во оваа земја досега починаа 15,238.

Околу 47 милиони жители од 13-ти март се наоѓаат во своите домови, а дозволено е излегување само во продавница, аптека, болница, киоск, банка, бензинска станица и пред домот за прошетка на домашното милениче.

Секако, ниту шпанските туристички резорти не се поштедени од ригорозните рестриктивни мерки. Плажата Бенидорм која обично за велигденските празници е преполна со туристи сега е целосно празна. На фотографија од истиот период минатата година може да се види дека не може да се најде место за да се стави пешкир, а сега нема никој. Поради рестрикциите сега плажите, улиците, хотелите, кафетериите и рестораните се празни.


Напуштените плажи и затворените локали потсетуваат на град на духови во периодот кога локалните жители „не можат да дишат“ од наездата на туристи, претежно од Велика Британија, но и од другите европски земји.

Карен Малинг Каулес, шефица на Британското бизнис здружение во Бенидорм изјави за “The Sun” дека ќе поминат уште неколку месеци пред туристите да можат да се вратат во овој град на источниот брег на Шпанија.


„Не смееме да им даваме надеж се додека не го искорениме коронавирусот, такво нешто не е во наш интерес. Лично не верувам дека ќе се опоравиме од ова пред јуни или јули, но можеби и тоа е прерано. Што се однесува до доаѓањето на Британците, не верувам дека можеме да очекуваме нешто пред септември. Велика Британија кога станува збор за борбата против пандемијата е далеку зад Шпанија. Луѓето нема да можат да доаѓаат во Бенидорм додека не го победиме вирусот во Британија“, изјави Каулес.