Хималаите се гледаат прв пат по 30 години: Опаднало нивото на смог, прекрасната глетка може да се види и од 200 километри оддалеченост

Точка

09/04/2020

22:07

4.212

Големина на фонт

а а а

Прв пат во последните 30 години, Хималаите може да се видат од различни краишта на Индија. Бидејќи многу земји во целост го сопреле јавниот сообраќај и забраниле движење на граѓаните поради пандемијата, нивото на загаденост значително опаднало.

Затворени се и многу фабрики, а промените и тоа како се видливи во Индија. 

Жителите на северниот дел од оваа земја ги фотографирале снежните врвови на Хималаите, сега кога се видливи и од 200 километри оддалеченост.

Некои луѓе за прв пат ги виделе Хималаите од своите домови.

Индија има околу 1,4 милијарди жители, и на врвот на листата најзагадени држави.

Сепак, изгледа дека блокадата на градовите и забраната за движење веќе носи и некои добри резултати кога станува збор за животната средина.

Во оваа азиска земја досега се регистрирани 6.653 заразени, а починале 199 луѓе.


##https://twitter.com/suIimen/status/1248277580152782848?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг