Вакцината која ја примаме по раѓање ја намалува смртноста од коронавирус? Дали една од најстарите вакцини во човештвото ќе има клучна улога во борбата?

Точка

09/04/2020

20:45

5.237

Големина на фонт

а а а

Земјите во кои што е задолжително примањето на Бесеже вакцината против туберкулоза, имаат десет пати помала шанса за смртност од Ковид-19, отколку земјите во кои што таа вакцина не се применува.

Оваа статистика произлегла од истражувањето кое што го спровеле американски и британски научници, а резултатите од истражувањето се објавени пред неколку денови.

Во нашата земја вакцината Бесеже е задолжителна, а бебињата ја примаат по третиот ден од раѓањето.

Бесеже е кратенка од „Bacillius Calmette-Guerin“. Оваа вакцина против туберкулоза наречена е по двајца француски научници кои што ја откриле пред околу сто години.

Во задолжителна примена се вовела во државите кои што низ историјата имале голем број на заболени луѓе од туберкулоза.


Американско-британските научници следеле смртност од коронавирусот во 178 земји, во период од 15-на дена. Бројките на крајот покажале дека застапеноста на Ковид-19 во земјите каде што нема Бесеже вакцина е десет пати поголема отколку во земјите каде што таа вакцина се применува, а со тоа и смртната стапка на населението.

Предмет на истражувањето

Д-р Ашиш Камат, американски онколошки хирург кој што работел на ова истражување, вели дека додека се чекаат резултатите за тоа колкава заштитна улога има бесеже вакцината во случај на коронавирус, овие показатели кои што биле пронајдени со истражувањето се пријатно изненадување.

Во последните неколку денови се споменува дека токму Бесеже вакцината е еден од потенцијалните кандидати, врз чиј состав би можело да се креира вакцина против Ковид-19.

Поради тоа, во Австралија е спроведено клиничко испитување на вакцината на над 4.000 луѓе. Целта им е да покажат колкав заштитен фактор има Бесеже вакцината во случај на Ковид-19.


Бесеже вакцината досега ја примиле над 4 милијарди луѓе

Таа одиграла голема улога во човештвото, со оглед на тоа што туберкулозата е една од најстарата болест во човечкиот род. Статистиката покажува дека досега во светот оваа вакцина ја примиле над 4 милијарди луѓе.

„Вакцинацијата во детството не значи доживотен имунитет, но постојат тестирања кои можат да покажат дали некој по одреден број на години, по примање на вакцината и понатаму е имун. Знаеме дека податоците на нашето истражување се само темел на факти, и дека се однесуваат на еден пократок период, но сепак значат некаков тренд кој што покажува дека постоењето на Бесеже вакцината има голема улога, не само во заштита од инфекции, туку и во лечењето на карциномот“ – смета д-р Камат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг