Може да ви го спаси животот: Англиски доктор прикажал техника на дишење која ги чува белите дробови

Точка

09/04/2020

09:29

6.010

Големина на фонт

а а а

Посебната техника на дишење може да го спаси животот на луѓето кои се заболени од коронавирус, а истата во видеото кое се споделува на социјалните мрежи ја прикажал англиски доктор.

Д-р Сарфараз Мунши кој работи во Кралската болница во Ромфорд, источен Лондон, ја прикажал оваа техника заедно со својата колешка, шефицата на медицинските сестри Сју Елиот. 

Мунши објаснил дека оваа техника се применува на пациентите кои се на интензивна нега, но може да им помогне и на оние со поблаги симптоми па дури и како превенција кај луѓето кои не се заразени.

Лекарот објаснил дека на овој начин се внесува повеќе кислород во длабоките делови на белите дробови со што се спречува нивното оштетување и компликациите опасни по живот.

Видеото го споделила и познатата англиска писателка Џеј Кеј Роулинг, авторка на “Хари Потер”, која навела дека техниката ѝ помогнала во закрепнување од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг