Посебна серија на Mazda по повод 100-тиот роденден

Точка

07/04/2020

20:00

1.048

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот произведувач на автомобили подготвил посебна серија за својот јубелеен 100-ти роденден.

Инспирирани од моделот R360, од Mazda ни претставуваат осум ретро-инспирирани автомобили, а со нив оди и уникатниот знак - и сето тоа по повод 100-годишнината од постоењето на јапонската компанија. 

Знакот ќе биде поставен на воланот и на хаубата, а Mazda MX-5 кабрио ќе има и кров во боја на вишна.

Оваа серија трабало да биде прикажана во Женева на саемот за автомобили, но поради пандемијата на коронавирусот ќе биде прикажана од Јапонија.

Моделите направени во уникатен стил се Mazda 2, Mazda 3, Mazda CX-3, Mazda X-30, Mazda CX-5, Mazda CX-8, Mazda 6, RF i MX-5 Кабрио.

Овие возила ќе може да се нарачуваат до крај на март 2021-ва година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг