Погледнете како изгледа респираторот на Tesla направен од делови за Model 3

Точка

07/04/2020

16:45

3.525

Големина на фонт

а а а

Американската компанија Tesla им се придружи на останатите производители на автомобили во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Tesla моментално не произведува автомобили во погоните во САД, а инжинерите се ангажирани за друга намена – од достапните ресурси да произведат респиратори за потребите на здравствениот систем во земјата.

Целта е индустријата за медицинска опрема да не се преоптовари, па во Tesla се користат деловите кои веќе се на располагање за производство на автомобили, за да се направат респиратори.

На видеото може да се види како функционира респираторот кој го конструираа инженерите во Tesla. Како што велат од компанијата, тие веќе имаат готов продукциски прототип, а најинтересно е тоа што како монитор на кој ќе се надгледува состојбата на пациентот ќе се користи touchscreen екранот од инфотејнмент системот на Model 3.



Спонзорирани линкови

Маркетинг