Почина Радомир Антиќ

Точка

06/04/2020

21:07

2.728

Големина на фонт

а а а

Поранешниот селектор на Србија и тренер на Атлетико Мадрид почина во главниот град на Шпанија.

Радомир Антиќ, познат фудбалски тренер, починал во Мадрид на 72 години, по кратка и тешка болест, јавува Атлетико Мадрид. 

Поранешниот фудбалер и некогашен селектор на Србија е единствен тренер кој ги водел Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона.

Ако постои тренер со кој Радомир Антиќ секогаш се поистоветувал, тоа е Атлетико, со кој направил историја во сезоната 1995/96, освојувајќи ги Ла Лига и Кралскиот куп. Како селектор на Србија, ја одвел оваа репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка.

"Семејството на нашиот клуб жали за смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир", соопштил мадридскиот клуб.




Спонзорирани линкови

Маркетинг