Промена на второто место: Firefox повеќе не е втор најпопуларен веб прелистувач

Точка

06/04/2020

17:35

3.351

Големина на фонт

а а а

Microsoft Edge стана вториот најпопуларен веб прелистувач на светот со 7,6% удел на пазарот, со што Mozilla Firefox падна на третото место со 7,2% удел.

Не е тешко да се претпостави зошто се случува ова – најпрвин треба да се тргне од фактот што Microsoft Edge е веќе инсталиран на секој компјутер кој работи на оперативниот систем на Windows.

Понатаму, базиран е на Chromium, исто како и Google Chrome, па затоа е значително полесен за користење. Како што пренесува Engadget, популарноста на Microsoft Edge исто така порасна затоа што беа исправени бројни недостатоци во однос на Internet Explorer.

Google, секако, воопшто не треба да биде загрижен поради порастот на популарноста на Microsoft Edge. Тешко дека Edge може да го загрози Google Chrome, а со ова само се зголемува присуството на прелистувачите кои работат на Chromium.



Спонзорирани линкови

Маркетинг