Руски научници со прогноза – еве кога ќе дојде крајот на активноста на вирусот

Точка

05/04/2020

12:15

28.366

Големина на фонт

а а а

Научниците сметаат дека активноста на вирусот ќе се намали до почетокот на летото, затоа што доаѓа потопло време, изјавил заменик директорот за иновации при Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Пастер“ во Санкт Петербург, Александар Семјонов.

„Сега ни доаѓа летото, насекаде температурите ќе пораснат, ќе се зголеми и инсолацијата, ултра-виолетовото зрачење и слично. Коронавирусот одредено време останува во нашето опкружување, но не може да остане засекогаш.

Се надевам дека во текот на летото активноста на вирусот ќе се намали. Оптималната температура за пренесување на вирусот е од пет до дванаесет степени целзиусови, токму тоа што сега го имаме во европскиот дел на Русија. Таквите услови се поволни за ширење на вирусот, додека пак потоплото време, очигледно дека не е“ – истакнал Семјонов, а пренесуваат од „Русија 1“.


„Постои голема веројатност дека на коронавирусот ќе му се случи истото како и на вирусот на атипична пневмонија, кој го преплаши светот во 2003-2004 година, кога владееше епидемијата на САРС. И гледате, 17 години подоцна исчезна без трага“ – потсетува експертот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг