„Јас сум позитивна на вирусот, а тој ги напаѓа и младите и старите“ – музичката ѕвезда и нејзиниот тригодишен син тестирани на коронавирусот

Точка

04/04/2020

16:00

4.778

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка Пинк, објавила дека моментално закрепнува откако била тестирана позитивно на коронавирусот.

Американската музичка ѕвезда Пинк (40), изјавила дека ја ‘нападнал’ коронавирусот и ги замолила сите да останат дома.

Греми добитничката се борела со вирусот две седмици и додала дека ќе донира еден милион долари за научно истражување за што побрзо да се пронајде вакцина против невидливиот непријател.


Пејачката изјавила дека таа и нејзиниот 3-годишен син Џејмсон добиле симптоми на Ковид-19 и дека таа била позитивна.

На социјалната мрежа Твитер напишала дека по одреден период ја тестирале повторно и за среќа резултатите биле негативни. Исто така таа изразила незадоволство што Америка не правела масовни тестирања на луѓето за што порано да го спречи ширењето на заразната болест.


„Луѓето мора да знаат дека вирусот ги напаѓа и младите и старите, богатите и сиромашните, здравите и болните и тестирањето мора да биде достапно за да се заштитат нашите деца, семејства, пријатели и заедница“ – заклучила Пинк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг