„Ова средство против паразити докажано ја уништува короната“ – тим експерти на праг на револуционерно решение

Точка

04/04/2020

12:09

15.213

Големина на фонт

а а а

Научниците открија дека средството против паразити, како што се вошките, го убива Ковид-19 во лабораторија за помалку од 48 часа.

Истражувањето кое што го предводело Универзитетот „Монаш“, покажало дека една доза од лекот ивермектин го спречува растот на SARS-SoVo2 вирусот во ширењето во внатрешноста на ќелиите.

„Откривме дека дури една доза може во основа да го отстрани целиот генетки материјал на врусот за само 48 часа и дека за само 24 часа дојде до значајно намалување на присуството на вирусот“ – објаснува докторката Кил Вагстаф од Институтот за откривање болести во биомедицината „Монаш“.

Сè уште не е познато како иверметинот делува на вирусот, но научниците веруваат дека ги пригушува способностите на ќелиите домаќини и така ги прочистува. Следниот чекот е да утврдат дали точната доза за човекот е таа за да бидат сигурни, а истиот да не му наштети на човекот.


„Во време кога имаме глобална пандемја и не постои одобрено лечење, среќни сме кога знаеме дека имаме соединение кое што веќе е достапно ширум светот, а кое може брзо да им помогне на луѓето. Реално, ќе помине некое време додека вакцината не стане широко достапна“ – додава докторката Вагстаф.

Научниците очекуваат тоа да биде најмалку за еден месец пред воведувањето на експериментот на луѓето.

Ивермектинот е лек против паразити, а исто така се покажал и ефикасен против коронавирусот, ХИВ, денга грозница и грип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг