Откритие на холандските научници за Ковид-19: Анализата на отпадните води може да биде предупредување за појава на вирусот во градовите

Точка

03/04/2020

09:34

3.786

Големина на фонт

а а а

Холандските научници успеаа да пронајдат коронавирус во отпадните води на еден град пред во тој град да бидат регистрирани првите случаи на коронавирус и со тоа претставија нова метода за рано предупредување на опасност од ширење на заразата.

Научниците утврдиле дека Ковид-19 може да се најде во столицата на заразеното лице и иако не се очекува канализацијата да стане важен пат на пренесување на заразата, со ширењето на патогените во локалната средина се зголемува и количината на вирусот во канализацијата. Ова го соопшти Гертјан Медема и неговиот тим од Институтот за истражување на вода во Ниухен.

Тие откриле генетски материјал на новиот коронавирус во постројка за прочистување на отпадни води во Амерсфорт на 5-ти март, кога во градот на 50-тина километри југоисточно од Амстердам се уште не бил регистриран ниту еден случај на коронавирусот, пренесува „Блумберг“.

Холандија првиот случај на Ковид-19 го потврди на 27-ми февруари, а неколку дена подоцна здравствените работници се разболеа на југот на земјата, што значеше дека заразата започнала експресно да се шири.

„Важно е да се собираат информации за присуството на новиот коронавирус во канализацијата за да знаеме дали канализациските работници се безбедни, но и да утврдиме дали анализата на отпадните води може да ни помогне да утврдиме во која мера Ковид-19 е присутен во нашата заедница“, изјави Медема, главен микробиолог во Институтот.

Тој и неговиот тим оценуваат дека новата метода би ги пополнила клиничките студии кои се ограничени на заболените од Ковид-19 со најизразени симптоми. Анализата на отпадните води може да биде метода на рано предупредување на појава на вирусот во градовите, но и на враќање на заразата.

„Откривањето на вирусот во канализацијата, дури и кога нема многу случаи на Ковид-19 не наведува на заклучокот дека анализата на отпадните води би можела да стане важно средство за следење на движењето на вирусот меѓу населението“, уверен е Медема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг