Научниците во потрага по лек за коронавирусот дошле до значајно откритие – еве што најдобро го спречува вирусот да продре во клетките

Точка

02/04/2020

20:16

7.655

Големина на фонт

а а а

Тим кинески научници изолирал неколку антитела за кои тврди дека се “многу ефикасни” во блокирање на способноста на новиот коронавирус да продре во клетките, што би можело да помогне во лекување и спречување на Ковид-19.

Во овој момент не постои докажано ефикасен лек за овој вирус кој, како што се смета, започна да се шири од Кина и зарази речиси милион луѓе ширум светот. 

Жанг Линки од универзитетот “Цинхуа” во Пекинг вели дека лекот, кој би бил направен од антитела како оние кој ги открил неговиот тим, би можел поефикасно да се користи за разлика од сегашните пристапи на лекување на болеста која предизвикува коронавирус, помеѓу кои е и користењето на плазма од пациентите кои го прележале и развиле антитела.


Тимот на Жанг заедно со експерти од Третата народна болница во Шенжен, кон почетокот на јануари започнал да ги анализира антителата од крвта на оние кои закрепнале од Ковид-19, па изолирале 206 моноклонални антитела кои покажале, како што вели тој, силна способност за врзување за протеините на вирусот.

Потоа, тимот испитувал дали навистина може да се спречи вирусот да продре во клетките. Помеѓу првите 20 тестирани антитела, 4 успеале да оневозможат продор на вирусот во клетките, а од тие 4, 2 биле “многу добри во тоа”, вели Жанг.

Тимот сега е насочен на откривање на најмоќните антитела и нивното можно комбинирање за да се ублажи ризикот во случај на мутација на новиот коронавирус.

“Важноста на антителата веќе со децении се докажува во медицината. Тие можат да се користат за лекување на рак, автоимуни болести и заразни болести”, вели Линки.


Жанг се надева дека антителата би можеле да се тестираат кај луѓето за 6 месеци, но други експерти повикуваат на претпазливост:

“Постојат низа чекори кои мора да се направат пред тоа да се користи како лек кај заболените од коронавирусот”, вели Бен Каулинг, специјалист за заразни болести при универзитетот во Хонгконг.

“Но, возбудливо е да се пронајдат нови можни лекови и потоа да се има прилика да се испитуваат. Ако можеме да пронајдеме повеќе кандидати за лекови, би можеле да имаме подобро лекување”, додал специјалистот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг