Хајди има 46 години, а изгледа брутално добро: Една од најубавите манекенки призна како ја одржува линијата

Точка

01/04/2020

21:15

4.915

Големина на фонт

а а а

Хајди Клум (46) откри дека нема проблем со исхраната, бидејќи во моделингот научила дисциплинирано да се храни со диети кои ги држела со години.

Кралицата на пистата кажува дека конечно е задоволна со она што е и дека сега знае да ги избере вистинските продукти.


„Се чувствувам среќно и задоволна сум со она што сум, да не сум, сигурно би го променила тоа. Ги носам панталоните кои сакам да ги носам и го живеам животот како што сакам“, рекла Клум.

„На почетокот морав да имам дисциплина во врска со храната, а сега сум навикната на тоа. Голем е изборот, а вие треба да ги изберете само вистинските работи“, рекла манекенката која е во среќен брак со Том Каулиц, за кој се венчаше во 2019-та година.


„Тој има поинаков дух од мене, свири и посветен е на тоа. Супер се снаоѓа со моите деца и одлично функционираме заедно“, заклучила Клум. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг