Коронавирусот ја разбуди хуманоста во луѓето: Брачен пар од Скопје шие и подарува заштитни маски

Точка

01/04/2020

14:03

2.066

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот кај луѓето побуди страв и паника, но кај многумина и ја поттикна хуманоста и солидарноста во овие тешки времиња.

Пример за тоа се и Марија и Орде Велески, брачен пар кој живее во Скопје и кој шие и подарува заштитни маски со цел луѓето да бидат заштитени. 

Госпоѓата Велеска во слободно време е шивачка, а поттик за нешто волку хумано била разочараноста и провокацијата од фактот што некои луѓе на нечовечки начин ја користат оваа кризна состојба за да профитираат. Марија го набавила потребниот материјал за ваквите маски, а потоа нејзиниот сопруг Орде ги кроел, а таа ги шиела на својата машина.

Нивниот стан брзо го претвориле во вистинска шивачка работилница, а дневно шијат околу 200 маски. Брачниот пар досега има направено околу 800 маски и бесплатно ги дава на сите оние кои имаат потреба од нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг