Овој град е ‘германскиот Вухан’ – цела населба ќе стане лабораторија за истражување на коронавирусот

Точка

01/04/2020

21:32

7.227

Големина на фонт

а а а

Цела населба во германскиот град Хајнсберг ќе стане лабораторија за експертите да го проучуваат ширењето и однесувањето на коронавирусот и како тој може да се запре.

Хајнсберг, градот на границата на Германија и Холандија го нарекуваат ‘германскиот Вухан’ – во тој град има потенцијално најмногу заразени луѓе од коронавирусот.

Во градот во кој што има околу 40.000 жители, од коронавирусот заразени се 1.281, а починати 34 луѓе. Досега излечени се 550 пациенти.

Според проценките на германските експерти, овој град, кога станува збор за ширењето на коронавирусот, е две до две и пол седмици пред останатите градови на Германија.

Поради тоа, германските епидемиолози и вирусолози дел од овој град го претвориле во ‘лабораторија во живо’ за да го испитуваат коронавирусот.


„Резултатите наскоро ќе бидат користени како основа за тоа што Германија треба да го направи во наредниот период, а истите ќе бидат корисни и за останатие земји во светот“ -изјавил Хендрик Штрејк од Универзитетот во Бон.

„Ќе собереме информации и практични совети како да се бориме со Ковид-19 и како можеме во иднина да го задржиме, а да не го блокираме целиот живот на луѓето“.

Научниците ќе испутуваат 500 домаќинства, градинки, училишта за да ги проучат начините на ширењето на вирусот.

Тие ќе се обидат да одговорат на прашањата дали вирусот може да се пренесе преку мобилните телефони, кваките, чаши, далечински управувач, храна и сè она што е дел од секојдневниот живот на еден човек, но и како вирусот се пренесува меѓу семејствата и социјалните контакти.

„Врз основа на тие резултати, ќе може да дадеме насока која што политичарите можат да ја искористат како управување со крзата“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг