Роџерс ја откри вистинската причина за заминувањето на Стерлинг од Ливерпул: Не се работеше за пари…

Дерби

26/03/2020

14:17

715

Големина на фонт

а а а

Сегашниот предводник на Лестер Сити, Брендан Роџерс се врати наназад неколку години и откри зошто Рахим Стерлинг во 2015 година си замина од Ливерпул.

Стерлинг за сума од 49 милиони фунти премина во Манчестер Сити, а тоа дефинитивно ги скрши и налути навивачите на „црвените“ кои до ден денес не можат да ми го простат тој потег кој според нив бил чисто мотивиран од пари. Меѓутоа според Роџерс кој во тоа време беше на клупата на Ливерпул потегот, трансферот на крилниот напаѓач не бил поради пари со оглед на тоа што во тој случај лесно би останал на Енфилд Роуд“ и добро би заработувал.

- За Рахим, никогаш не се работеше за пари. Ако се работеше за пари, тој можеше да остане во Ливерпул. Се работеше за тоа да биде најдобриот што може да биде. Во тој момент на време, имаше можност да отиде таму каде што имаше играчи од врвна класа. Замина, се разви и стана победник што е јасно може да се види сега во неговата игра. Го гледам тимот на Пеп и ако тој не е таму не е исто. Каков тестамент е оваза еден млад англиски играч. Тоа што го сакав кај Рахим е што и како младо момче знаеше што сака да биде, - истакна Роџерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг